ноември 22, 2021

Во Црвен крст Струмица одржан регионален состанок за крводарителството

Денеска во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица се одржа регионален состанок за развој на унапредување на крводарителството, на кој беше разгледана и усвоена програмата за крводарителството во 2022 година, како и натамошно зголемување на бројот на крводарителите.

На состанокот учествуваа преставници на Општинските организации на Црвен крст Струмица, Штип, Радовиш, Виница, Делчево, Свети Николе и Пробиштип, како и екипи од Службите за трансфузиона медицина.

Tags: , ,
< врати се назад