
ВЕЖБА “БЕЛАСИЦА 2021” ЗА МЕЃУГРАНИЧНА СОРАБОТКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ
На 03 и 04 септември 2021 година се организираше дводневен настан, Пилот акција “Беласица 2021“, во рамки на проектот “Интегриран оперативен центар за обезбедување хуманитарна помош – ХЕЛП“ кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во партнерство со Центарот за управување со кризи и проектните партнери од соседна Грција.
Активностите на терен за локализирање и изгаснување на шумски пожар се одвиваа во месноста на Ѓавлски Мост, Сечена Скала, Шарена чешма, Ѕвезден врв, Тумба, Ловечка Куќа и други локално именувани високи делови на планината. На крајот на вежбата, од страна на ЦУК, беа доделени Сертификати за придонес на сите учесици од Системот за управување со кризи кај Планинарскиот дом ,,Шарена Чешма”.
Волонтерите на Црвен крст Струмица имаа за задача да даваат прва помош на повредени при вакви катастрофи и елементерни непогоди. Иако се работеше за вежбовна активност, сепак се даде прва помош на три лица кои навистина беа повредени.
Во вежбата учество земаа:
Дирекција за заштита и спасување
Планинарски клуб Ентузијаст Струмица
Црвен крст на РСМ Општинска организација Струмица
Министерство за внатрешни работи
Центар за развој на Југоисточен плански регион
#иднинатаимприпаѓанаподготвените
#тамукадештоенајпотребно
< врати се назад