
септември 9, 2021
В сабота показна вежба за најчести повреди кај населението
На 11 септември (сабота) со почеток во 11:00 часот, Општинска организација на Црвен крст Струмица, по повод Светскиот ден на првата помош, организира показна вежба за најчестите повреди кај населението во 21 век.
Настанот ќе се одвива пред градската библиотека “Благој Јанков-Мучето”.
< врати се назад