
октомври 8, 2021
Учество на обука за Психо-социјална поддршка во итни и кризни ситуации во Струга
Во периодот од 3 до 6 октомври во Струга се одржа обука за Психо-социјална поддршка во итни и кризни ситуации, за волонтери и вработени во Црвен крст на Република Северна Македонија.
Обуката се реализираше со поддршка на МФЦК во рамките на проектот “Healt in Emergencies”.
На обуката учествуваа волонтер, социјален работник и психолог од Општинската организација на Црвен крст – Струмица.
< врати се назад