октомври 21, 2021

Тренинг обука на тема „Јакнење на капацитетите на националното друштво во програми за прва помош“

Во период од 17-21 октомври во Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга се спроведе работилница на тема „Јакнење на капацитетите на националното друштво во програмите за прва помош“.
 
Целта на оваа работилница е подобрување на техники, методологија за подготовка и реализација на курсеви/обуки/тренинзи и соодветна административна подготовка и планирање на истите.
 
На работилницата учествуваше и нашата волонтерка Ивана Друбарова, која  стекнатите знаења и вештини ќе ги пренесе на нашите членови.
 
Работилницата е спроведена од лиценциран тренер од Црвениот крст на Република Северна Македонија согласно дадените насоки за реализација на тренинг за тренери од Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
Tags: , , ,
< врати се назад