август 29, 2021

Селектирање во Радовиш за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Во Радовиш беше извршено селектирање на пријавените кандидати за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

На огласот се пријавија 15 лица, од кои селектирањето го поминаа тројца.

Селекцијата на кандидатите се спроведува врз основа на објавениот оглас за  верификацијата на посебната програма за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост на Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Струмица, во рами на проектот „Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во ЦКРСМ“, поддржан од Австриската агенција за поддршка на развојот, Австрискиот црвен крст, Црвен крст на РСМ и Швајцарскиот црвен крст.

< врати се назад