ноември 26, 2021
Секретарот на Црвен крст и претставници од Клубот на млади на средба за проектот “Платформа за инвестиции во заедницата”
Секретарот на Општинската организација на Црвен крст Струмица, Маријана Тошева заедно со претствници на Клубот на млади денеска присуствуваа на средба на проектот „Платформа за инвестиции во заедницата”.
На средбата од страна на Фондација „Албиз“ беше презентирана Платформата за инвестиции во заедницата, додека пак Горан Велески, надворешен експерт, ги презентираше наодите од истражувањето за меѓусекторската соработка на граѓанскиот, бизнис и јавниот сектор.
Уште едно убаво искуство за нашата оргазација во проектот кој го импелментира Центарот за истражување и анализи „НОВУС“ од Струмица.
< врати се назад