октомври 15, 2021

Се одржа презентација по повод Светскиот ден на менталното здравје

Денеска по повод Светскиот ден на ментално здравје во просториите на ООЦК Струмица се одржа презентација на тема ,,Основи на Прва психолошка помош, Психо-социјална поддршка како и грижа за себе и заштита од стрес и кризи”.

Презентацијата беше наменета за волонтери на клубот на млади.

Посебен акцент овај период се става врз менталното здравје, затоа што со почетокот на пандемијата се помалку и помалку се обрнува внимание за ова прашање особено кај младата популација.

На крајот од презентацијата се остави и простор за прашања како и за дополнителни информации поврзани со темата.

Tags: , , ,
< врати се назад