
ноември 12, 2021
Се одржа дисeминациска сесија во СОУ „Никола Карев“
Денеска во СОУ „Никола Карев“ претставници на Општинската организација на Црвен крст Струмица одржаа дисeминациска сесија за учениците од оваа училиште.
На 75 слушатели им беа презентирани историјатот и работата на Црвениот крст на РСМ-ОО Струмица.
Посебен акцент се даде на хуманиот карактер на работата и едукацијата на населението од страна на организацијата.
Со овие активности и одржани обуки се продолжува соработката со институциите во образовниот систем од нашиот регион.
< врати се назад