октомври 3, 2021

Промовирано новото издание на прирачникот за прва помош

Пред предавачите и демонстраторите по прва помош, во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица беше промовирано новото издание на прирачникот за прва помош.

Од страна на тренерот за тренери по прва помош, Танкица Стојанова, беа промовирани и нови техники за поинтерактивна настава и задржување на вниманието на кандидати за возачи.

Со оваа активност нашата организација уште еднаш покажува дека на сите полиња од своето делување работи успешно и се грижи за сите категории на корисници на услугите на Црвен крст.

Tags: , , ,
< врати се назад