
Промовирани негувателите за помош и нега на стари лица во Општина Василево
Општинската организација на Црвен крст Струмица почна со промоција на обучените негуватели од општина Василево, кои се стекнаа со верификуван сертификат преку Проектот за подобрување на социјалните услуги за давање на социјалната услуга Помош и нега во домот на стари лица над 65 години. Промоцијата се одржа во Инфо центарот во општина Василево.
Општина Василево има обучено вкупно 5 лица кои услугата Помош и нега во домот ќе ја даваат на вкупно 10 стари и изнемоштени лица.
Во текот на наредниот период ќе следат повеќе активности со кои ќе се промовираат социјалните услуги со цел информирање на граѓаните и полесен пристап до овие услуги.
#Министерствозатрудисоцијалнаполитика
#WorldBank
#ЦрвенкрстнаРепубликаСевернаМакедонија
#сегрижиме
< врати се назад