јули 8, 2021

Промовирани негувателите за помош и нега на стари лица во Општина Ново Село

Општинската организација Црвен крст Струмица почна со промоција на обучените негуватели од општина Ново Село, кои се стекнаа со верификуван сертификат преку Проектот за подобрување на социјалните услуги за давање на социјалната услуга Помош и нега во домот на стари лица над 65 години. Промоцијата се одржа во Инфо центарот во Ново Село.

Општина Ново Село има обучено вкупно 9 лица кои услугата Помош и нега во домот ќе ја даваат на вкупно 18 стари и изнемоштени лица.

Во текот на наредниот период ќе следат повеќе активности со кои ќе се промовираат социјалните услуги со цел информирање на граѓаните и полесен пристап до овие услуги.

Tags: , ,
< врати се назад