
јули 23, 2021
Продолжува поддршката на волонтерите од Клубот на млади на Струмица опен фестивал
Волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Струмица продолжуваат до поддршката на настаните од годинашното десетто јубилејно издание на Струмица Опен фестивал 2021.
Овој пат нашите волонтери беа на четвртиот „Струмица на улица“, настан на задоволство на сите љубители на спортот и здравите навики на живеење.
Нашите волонтери, како и досега, се подготвени да пружат прва помош доколку е потребно на учесниците или посетителите на настаните од оваа манифестација.
< врати се назад