
ноември 11, 2021
Продолжија предавањата за борбата против зависностите во училишта во 4 населени места
Психологот при Општинската организација на Црвен крст Струмица со Секторот за превенција при СВР Струмица, во рамки на одбележување на месец ноември на борбата против болести на зависности (алкохол, никотин и дрога), одржаа предавања во основните училишта во селата Колешино, Ново Село, Муртино и Дабиле.
На работилниците учествуваа ученици од 8 и 9 одделение.
< врати се назад