август 5, 2021

Продолжи делењето на хуманитарни пакети и во населени места во општина Босилово

Волонтери на Општинската организација на Црвен крст Струмица вчераа почнаа со  делење  на хигиенски пакети и лектири за деца до 12 години и во општина Босилово. Пакетите беа поделени во селата Штука, Иловица и Еднокуќево.

Хигиенските пакети се наменети за семејствата, а оние што имаат деца добиваат и комплет лектири на турски и на македонски.

Пакетите се обезбедени преку Министерството за труд и социјална политика, во рамки на проектот на Светска банка за итно справување со Ковид-19.

Хуманитарната акција продолжува и во наредните денови, а со неа се опфатени општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село. Во овие четири општини ќе бидат поделени околу 3.000 пакети.

Tags: , ,
< врати се назад