октомври 5, 2021

Претставници на Црвен крст Струмица учествуваа на средбата за поддршка на социјалното претприемништво

Вчера во просториите на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион како регионална точка за поддршка на социјални претпријатија, се одржа средба на која Барбара Садовска од Полска, Тим лидер на проектот „Поддршка на социјалното претприемништво“ финансиран од Европска Унија на засегнатите страни од регионот ги запозна со услугите и со идните активности кои ги нуди Регионалната канцеларија за социјално претприемништво во Југоисточниот плански регион.
 
На состанокот присуствуваа претставници од граѓанскиот сектор, а од нашата организација на средбата присуствуваа секретарот, Маријана Тошева и Елена Орцева Бозова.
Tags: , ,
< врати се назад