октомври 26, 2021

Претставници на Црвен крст Струмица учествуваа на Инфо ден за проектот „Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош-HELP“

Претставници на Црвен крст Струмица учествуваа на Вториот Инфо ден за проектот „Интегриран оперативен центар за хуманитарна помош – HELP“, што денеска се одржа во орагнизација на имплементаторот на овој значаен проект, Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

И во досегашните активности во реализацијата на овој проект нашата организација имаше значајно учество, посебно на показната вежба која се одржа пред два месеци на планината Беласица, кога имапе пилот вежба за функционирањето на овој оперативен центар.

 

Tags: , , ,
< врати се назад