ноември 26, 2021
Претставници на Црвен крст Струмица на работилница за прекугранична соработка во справување со шумски пожари
Претставници на Општинската организација на Црвен крст Струмица учествуваат на дводневната работилница во рамки на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“, финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија, која се одржува во Струмица.
На работилницата учествуваат претставници на институции од Република Северна Македонија и Република Бугарија, а во проектот заначајно место и улога има Црвениот крст.
< врати се назад