
октомври 10, 2021
По повод Светскиот ден на менталното здравје се одржаа две работилници
По повод Светскиот ден на менталното здравје во Општинската организација Црвен крст – Струмица се одржаа две работилници за прва психолошка помош и психо-социјална помош, од кои една за вработените на организацијата а другата за учесниците на обуката за негуватели на стари лица и лица со попреченост.
Работилниците ги одржаа обучени тренери за ППП и ПСП, социјален работник и психолог.
#тинесисам
#немаздравјебезменталноздравје
< врати се назад