март 3, 2021

Петнаесет лица од Струмица добија сертификат за помош и нега на стари и лица со попреченост

Денеска во Општинската организација на Црвен крст Струмица на 15 лица им им беа доделени сертификатите за негуватели за помош и нега на стари и лица со попреченост.

Обучените кандидати ќе можат да ја даваат оваа услуга во домот на стари лица над 65 години, како и на изнемоштени и лица со попреченост.

Обуките се финансирани од Австриска агенција за развој и Австриски и Швајцарски Црвен крст, а обуките се одржаа во периодот од декември лани до февруари годинава

< врати се назад