август 19, 2021

Пет волонтери од Клубот на млади учествуваа на Младинскиот камп на Преспанското езеро

Од 13 до 15 август пет волонтери од Клубот на млади при нашата Општинска организација учествуваа на Младинскиот камп на Преспанско езеро, во Авто кампот „Крани“.

Кампот беше организиран од Општинската организација на Црвен крст Битола, а темата на кампот беше “Како се одвиваат активностите во време на Ковид пандемијата и вакцинација”.

На кампот учествуваа 50 млади волонтери, а тридневниот престој помина во логорување, дружење, забава и работа.

Tags: , ,
< врати се назад