март 17, 2021

Остануваме на бедемот на хуманоста!

Денес, кога одбележуваме 76 години од постоењето на ЦКРСМ и Денот на крводарителите во Република Северна Македонија, сакаме да им искажеме голема благодарност на сите наши крводарители, волонтери, соработници, донатори и помагатели на Црвениот крст.

Изминатиот период, кој поради пандемијата со КОВИД-19, беше полн со предизвици, Црвениот крст ја остваруваше својата мисија преку многу многубројни акции и активности.

Покрај борбата против ковид-19, работиме на многу важни два проекти-едниот е поврзан со Австрискиот Црвен крст за нега на стари лица и лица со посебни потреби, кој ќе продолжува и во 2021 година. Работиме на уште еден многу важен проект „Персонални асистенти на лица со посебни потреби“ и тука  сме во напредна фаза и оценките коишто ги добиваме се одлични.

Општинската организација на Црвен крст е отидена најдалеку во споредба со сите општински организации во Македонија. Добро работиме и на полето на прва помош за обука на лицата кои треба да полагаат возачки испит и прва помош во компаниите.

Сведоци сте за промената на состојбата на просториите на Црвениот крст. Кога почнаа да ни доаѓаат повеќе средства ја променивме целосно внатрешноста и затоа сме горди на секојдневниот ангажман на Управниот одбор, секретарот и стручната служба.

Освен продолжување на проектите, планираме да ги прошириме просториите на нашата организација со изградба на магазин и да подигнеме уште еден кат во постоечката зграда, па да направиме хортикултурно уредување на дворот и да заличиме на една вистинска организација која влева доверба кај луѓето.

Очекуваме да станеме регионален центар за обуки, бидејќи покажавме извонредни резултати и сме најголем давател на услуги во Македонија, општо за лична асистенција. Оттука произлезе и потребата да се вклучиме со програма за грижа на старите и изнемоштени лица над 65 години со личната асистенција.

Основна мисија и визија ни е да останеме на бедемот на хуманоста, бидејќи ако други работат да остварат профит, нам ни е најважно да помогнеме секаде каде можеме и се држиме до тоа дека граѓаните најмногу му веруваат на Црвениот крст. И понатаму ќе го собираме вишокот на алишта, но ќе се организираме заедно со општината за сето тоа да се селектира и да можеме да ја доставиме таму каде што е потребна и во потребните количини.

Голема цел ни е со Центарот за обуки за да можеме да го покриеме целиот југоисточен регион за помош и нега на стари и изнемоштени лица и овој центар е финансиран од Австрискиот и Швајцарскиот црвен крст и од Австриската развојна агенција и да имаме 80 негуватели.

Продолжуваме со реализација на сите проекти кои се помогнати од УНДП и Светска банка, а остануваме и понатаму партнери на Агенцијата за вработување.

Оваа година Општинската организација на Црвен крст граѓаните ја препознаваат по младите кои се секојдневно присутни на терен, а дефинтивно ќе не препознаваат по негата и помош на стари и изнемоштени лица.

Tags: ,
< врати се назад