јули 16, 2021

Онлајн средба за воспоставување на услугата помош и нега на стари лица во Ново Село и Василево

Денека се одржа онлајн средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика, Проектната канцеларија на Светска банка, ОО на Црвен крст Струмица и претставници на општините Ново Село и Василево.

На средбата се разговараше за за финализирање на воспоставувањето на услугата помош и нега на стари лица во овие две општини.

Еден од заклучоцоте на средбата е наскоро да почне мапирање на населението со цел да се најдат потенцијални корисници.

Проектот за услуга и помош и нега на стари лица е финансиран од Министерството за труд и социјална политика и заем од Светска банка.

 

Tags: , , , ,
< врати се назад