јули 16, 2021

Онлајн состанок со издавачот на списанието „Лице в лице“ за интензивирање на соработката

Денеска секретарот на ОО Црвен крст Струмица,Маријана Тошева, учествуваше на онлајн состанокот со издавачот на списанието „Лице в лице“, Асоцијација за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје.

На средбата се разговараше за можностите за соработка и обуки за социјален ментор, како и интензивирање на понатамошна соработка со списанието кое се продава на улица  за помагање на маргиализирани групи.

Искажана е заедничка оценка дека пристапот на социјалното менторство ќе биде начин да се направи мост помеѓу вработувањето и програмите за социјална инклузија, како и помеѓу агенциите за вработување и центрите за социјална работа.

Tags: , ,
< врати се назад