октомври 15, 2021

Одржано предавање за дијабетот за личните асистенти и вработените во Црвен крст Струмица

Денеска во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица се одржа предавање за дијабетот под мотото „Здрави животни навики и дијабетот“.

Предавањето за личните асистенти и вработените во нашата организација го одржа претседателот, прим.д-р Васил Тунев.

-Дијабетот не е само зголемено количество на шеќер во крвта, тоа е хронична, исцрпувачка и скапа болест која го засега целото семејство. Се јавува како резултат на нездравиот животен стил кој подразбира лоша исхрана со конзумирање на брза храна и газирани пјалоци, намалена физичка активност и прекумерен стрес. Според податоците од СЗО, 346 милиони луѓе во светот умираат од дијабет. Повеќе од 80% од смртните случаи со дијабет се случуваат во земјите со низок и среден приход. Во Република Северна Македонија има околу 200.000 лица со дијабет тип 1 и тип 2, бее кажано на предавањето.

Инаку,  Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 10-16 октомври традиционално ја одбележува Неделата на борба против шеќерна болест (дијабет) под мотото „Здрави животни навики и дијабетот“.

Tags: , ,
< врати се назад