
ноември 10, 2021
Одржани предавања за одбележување на месецот на борба против болести на зависности
Врсничките едукатори при Општинската организација на Црвен крст Струмица со Секторот за превенција при СВР Струмица, во рамки на одбележување на месец ноември на борбата против болести на зависности,алкохол, никотин и дрога, реализираа предавања преку четири работилнци во сите освновните училишта во Општина Босилово.
На работилниците учествуваа ученици од 8 и 9 одделение од основните училишта од оваа општина.
< врати се назад