ноември 15, 2021

Одржана информативна работилница со стари лица под мотото „Сите сме нивни деца“

По повод ,,Недела на грижа на стари лица” денеска Општинската организација на Црвен крст Струмица организираше информативна работилница со 15 стари лица за нивно запознавање со правата од социјална и здравствена заштита со цел подобрување на нивниот квалитет на живеење и здраво стареење.

Работилницата се одржа под мотото „Сите сме нивни деца“, а за оваа тема говореа претседателот на ОО Црвен крст Струмица, д-р Васил Тунев и Жанета Органџиева, задолжена за Социјално—хуманитарна дејност, имплементирање и развој на услугата – помош и нега во домот.

За оваа работилница беа ангажирани две стручни лица од областа на социјалната и здравствената заштита, а беа испочитувани и сите мерки за заштита од Ковид 19.

Tags: , ,
< врати се назад