јуни 22, 2021

Одржана дисеминациска сесија со ученици од СОУ „Димитар Влахов“

Денеска во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица се одржа дисеминациска сесија со ученици од СОУУД „Димитар Влахов“, како и обука по прва помош за учениците од втора година.

Учениците беа запознати со историјатот и работата на Црвениот крст, а во продолжение преку демонстрација се запознаа со вештините за давање прва помош.

И понатаму продолжува соработката со учениците од медицинската струка од ова средно училиште, а голем дел од нив се сегашни и идни наши волонтери.

#секадезасекого

Tags: , ,
< врати се назад