
Одржан координативен состанок за услугата помош и нега во домот
Денеска во општинската организација Црвен крст Струмица се одржа координативен состанок на кој се разговараше за тековните активности поврзани со испорака на услугата помош и нега во домот која се обезбедува преку проектот ,,Подобрување на социјалните услуги”.
Овој проект се имплементира на територија на општините Ново Село и Василево и е финансиран од Министерството за труд и социјална политика преку заем од Светска банка.
На територија на Општините Ново Село и Василево оваа услуга засега ја обезбедуваат 8 негуватели на вкупно 13 корисници.
На состанокот присуствуваа градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов, одговорното лице за услугата Туше Стојанов, секретарот на Општинската организација Црвен крст Струмица Маријана Тошева, координаторот на проектот Менче Златинова како и претставници од проектната канцеларија на Министерството за труд и социјална политика Марина Матеска и Наташа Стојановска, консултантите од Светска банка Бојана Нацева и Гордана Матковиќ и претставник од центарот за социјална работа Верица Мандак.
< врати се назад