
Одржан координативен состанок за проектот „Подобрување на социјалните услуги“
Во рамки на проектот ,, Подобрување на социјалните услуги” вчера во Општинската организација на Црвен крст Струмица се одржа координативен состанок во партнерство со општините Ново Село и Василево.
На состанокот учествуваа секретарот на Општинска организација Црвен крст Струмица, Маријана Тошева, координаторот на проектот, Менче Златинова, градоначалникот на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов и градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов.
Целта на состанокот беше разгледување на динамиката за имплементација на услугата помош и нега во домот како и преглед на досегашните спроведени активности.
Проектот ,,Подобрување на социјалните услуги“ е финансиран од Министерство за труд и социјална политика со дел од заемот на Светска банка.
< врати се назад