
април 29, 2021
Одбележување на Светската недела на имунизација ,, Вакцините не зближуваат”.
Имунизацијата спасува милион животи секоја година и е широко признаена како една од најуспешните здравствени интервенции во светот. Сепак, денес се уште има речиси 20 милиони деца во светот кои не примаат потребни вакцини, а многу кои ги пропуштаат виталните вакцини за време на адолесценција , зрелоста и во староста .
Додека светот се фокусира на суштински важните нови вакцини за заштита од КОВИД – 19 , останува потребата да не се пропушти рутинската вакцинација. Многу деца не се вакцинирани за време на глобалната пандемија, што ги доведува во ризик од сериозни болести како сипаниците и детската парализа.
Вакцините се важна нова алатка во борбата против КОВИД – 19. Заедно, можеме да ставиме крај на пандемијата КОВИД – 19 и да обезбедиме поздрав свет за сите . #Вакцинитеделуваат , #Вакцинитенеприближуваатдосветбезпандемија.
< врати се назад