октомври 22, 2021

Одбележан 18 Октомври- Европскиот ден за борба против трговија со луѓе

Како член на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција во Република Македонија, Црвен крст на РСМ, Општинска организација Струмица, се вклучи во одбележувањето на 18 Октомври- Европскиот ден за борба против трговија со луѓе.

Организацијата на Црвен крст Струмица, во соработка со СВР Струмица-Отсек за превенција, организираше работилници со наши врснички едукатори за превенција од трговија со луѓе, во трите средни училишта во Струмица.

На овие работилници учествуваа вкупно 70 ученици, кои со интерес ги  следеа предавањата и едукативните кратки филмови.  Поставија безброј прашања како подобро би се запознале и одбраниле од оваа појава на нечовечко однесување.

#секадезасекого

#тамукадештоенајпотребно

Tags: , , ,
< врати се назад