
март 17, 2021
Обуки за прва помош за персоналот од градинката во Василево
Во Општинската организација на Црвен крст Струмица се одржаа обуки за прва помош за персоналот од градинката „Радост“ од општина Василево.
Обуките ги одржа д-р Татјана Тимова, која исцрпно ги објасни постапките за пружање прва помош.
Од Црвен крст Струмица додаваат дека за пофалба е одлуката на градинката од Василево целиот персонал да помине обука за прва помош за поголема безбедност на децата.
< врати се назад