октомври 3, 2021

Нашите волонтери со поддршка на фестивалот на државниот непрофесионален филм

Нашите волонтери беа поддршка на 50-то јубилејно издание на државниот фестивал на непрофесионален филм на Република Северна Македонија, кој се одржа во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.
 
Како на други манифестации нашите волонтери им ја мереа телесната температура на посетитилите и учесниците, помогааа во распоредувањето на гостите и им укажуваа  за придржување до мерките за заштита од Ковид-19.
 
И овој пат, како и многу пати досега нашите волонтери го оправдаа мотото: #секаде за секого#.
 
Tags: , ,
< врати се назад