
Нашите волонтери се вклучија во хуманитарната акција по повод Денот на гладта
Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Струмица, се вклучија во хуманитарната акција „Ден на гладта“ под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС“, која трае од 18 до 22 Октомври 2021 година.
Со поставени 2 штанда пред маркети во централното градско подрачје, денеска хуманите граѓани донираа прехрамбени артикли во тежина од околу 100 килограми.
Акцијата продолжува и понатаму со апел до граѓаните, фирмите, компаниите и институциите да донираат прехрамбени артикли или парични средства во организацијата на Црвен крст Струмица, се со цел е да се помогне на најранливата категорија лица во време на пандемијата.
#секадезасекого
#тамукадештоенајпотребно
< врати се назад