ноември 6, 2021

Нашите волонтери на работилница за социјално претприемништво

Волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Струмица учествуваа на работилницата за социјални иновации и социjално прептриемништво.

Работилницата беше во рамки на  Инкубациската програмата на БИЦСР- Бизнис Иновациски Центар  Струмица организирана во соработка со Општинската организација на Црвен Крст Струмица.

Преку работилницата нашите волонтери стекнуваат знаења кои имаат за цел заштита на животната средина и подигање на свеста за тоа, но и креирање на поубава средина каде би живееле и твореле.

 

#нашитемладинашагордост

Tags: , ,
< врати се назад