
август 27, 2021
Нашите волонтери на научниот собир „70 години Институт за фолклор и 50 години фолклористичка дејност на Иван Котев“
Нашите волонтери целосно го оправдуваат слоганот дека „секаде се за секого“. Денеска и утре тие се Научниот собир „70 години Институт за фолклор и 50 години фолклористичка дејност на Иван Котев“, што се одржува во Хотелот „Сириус“ во Струмица.
На сите поголеми манифестации во општината нашите волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст несебично се вложуваат и ја исполнуваат својата хумана мисија.
Денеска на научниот собир нашата волонтерка, Анѓела Јованова, освен на другите присутни, му ја мереше и телесната температура на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
< врати се назад