септември 10, 2021

Нашите волонтери на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Нашите волонтери целосно го оправдуваат слоганот дека „секаде се за секого“.

На отворањето на 29. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ тие им ги проверуваа сертификатите на посетителите за вакцинирање и се грижеа за доследно почитување на прописите за заштита од Ковид-19.

Заради тридневната жалост тие својата мисија на Фестивалот ќе ја продолжат задутре, кога продолжува програмата.

На сите поголеми манифестации во општината нашите волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст несебично се вложуваат и ја исполнуваат својата хумана мисија.

Tags: , ,
< врати се назад