јули 22, 2021

Курсот за спасувачи на вода почнува в недела

Општинската организација на Црвен крст Струмица во рамките на своите надлежности, по програмата за одговор при катастрофи и елементарни непогоди, и законските одредби да на секој објект каде има капачи да има спасувач на вода, има зацртано да спроведе курс за спасување на вода по програмата на ILS (International life saving federacion) по која се работи во цел свет.

Преку овој курс обучените лица ќе се стекнат со Сертификат за обучени спасувачи на вода од меѓународно признат карактер.

Право на учество во курсот имаат лица над 16 години, да се во добра општа здравствена состојба, добар пливач, да не се плашат од нуркање.

Курс за спасување на вода може да се организира со најмалку 10 кандидати.

Курсот за спасување на вода ќе отпочне од 25.07.2021 година со почеток во 10 часот во просториите на Црвен крст Струмица, со запознавање на кандидатите за програмата и текот на курсот.

За подетални информации, може да се обратите во просториите на Црвен крст Струмица, на e-mail: strumica.katastrofi@redcross.org.mkили на телефон: 071/345-901

Tags: , , , ,
< врати се назад