октомври 8, 2021

Координативен состанок за утврдување на стратегија за одговор при катастрофи и елементарни непогоди

Во во просториите на Оперативниот центар при Црвен крст на РСМ Скопје се одржа координативен состанок на волонтерите и вработените од Комисијата за катастрофи и елементарни непогоди при Црвен крст Струмица и одговорните лица од ЦКРСМ Скопје на тема одговор при катастрофи и елементарни непогоди.

На средбата беше договорено да се изготват стратешки планови и програми со цел да се унапреди и развие програмата за одговор при катастрофи и елементарни непогоди на Црвен крст Струмица, да се обучат нови волонтери кои ќе бидат активно вклучени во системот, опременост на организацијата со материјално техничка опрема, и соработката со другите институции кои се во системот.

#тамукадештоенајпотребно

#секадезасекого

Tags: , , , ,
< врати се назад