
КОНКУРС за обука на Личен асистент на лица со попреченост
Врз основа на верификација на посебната програма за Личен асистент на лица со попреченост Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Струмица распишува:
К О Н К У Р С
За обука на Личен асистент на лица со попреченост
Се повикуваат сите заинтересирани лица од територијата на општина Струмица, кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат од периодот од 01.11.2021 до 08.11.2021 година.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да се државјани на Р.С.Македонија;
- Да имаат 18 години;
- Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
- Да имаат минимум основно образование;
- Да бидат мотивирани за работа со лица со попреченост;
Напомена: Обуката за Личен асистент на лица со попреченост е сертифицирана.
Заинтересираните кандидати може да се пријават на е-маил:
strumica.licniasistenti@redcross.org.mk
тел. 070/382-229, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.
Сите заинтересирани кандидати ќе бидат повикани на индивидуално интервју.
< врати се назад