јули 23, 2021

Конкурс за обука на Личен асистент на лица со попреченост

Врз основа на верификација на посебната програма за Личен асистент на лица со попреченост Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Струмица распишува:

К  О  Н  К  У  Р  С

За обука на Личен асистент на лица со попреченост

Се повикуваат сите заинтересирани лица од територијата на општина Струмица, кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат од периодот од 23.07.2021 до 30.07.2021 година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да се државјани на Р.С.Македонија;
  • Да имаат 18 години;
  • Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
  • Да имаат минимум основно образование;
  • Да бидат мотивирани за работа со лица со попреченост;

Напомена: Обуката за Личен асистент на лица со попреченост е сертифицирана и изнесува 20.000,00 денари по учесник.

Заинтересираните кандидати може да се пријават на е-маил:

strumica.negacentar@redcross.org.mk тел. 070/382-229, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Сите заинтересирани кандидати ќе бидат повикани на индивидуално интервју.

Tags: , , ,
< врати се назад