ноември 12, 2021

Клубот на млади учествуваше во кампањата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот”

Отсекот за превенција при СВР Струмица во партнерство со РСБСП и Клуб на млади при ОО на Црвен Крст Струмица, денес во ООУ “Св.Кирил и Методиј” село Дабиле, ја реализираше кампањата насловена: “Да ги заштитиме децата во сообраќајот”.

Од страна на полициски службеници од Отсекот и волонтери од Клуб на млади од ОО на Црвениот Крст на учениците од второ одделение им беа поделени хартиени ќеси со Сообраќајни лектири и Сообраќајни песнарки, распореди за часови и хартиени ленирчиња со аплицирани сообраќајни знаци.

Целта на кампањата е преку едукација да се запознаат учениците со сообраќајните знаци правила и прописи, внимателно да ја преминуваат улицата и да бидат одговорни учесници во сообраќајот.

Tags: , , ,
< врати се назад