
Клубот на млади при Црвен крст Струмица во превентивна акција„Не вози пијан“
Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Струмица активно учествуваше во превентивните активности “Стоп за возењето под дејство на алкохол” и “Брзото возење загрижува, Брзото возење убива!.
Активностите ги организираше Отсекот за превенција при СВР Струмица, РСБСП и ОСБСП, а нашите волонтери со особено внимание ги проследија и учествуваа во демонстрацијата на т.н. “пијани очила”. Тие симулираат различни степени на алкохол во крвта, преку практично демонстрирање пред граѓаните учесници во сообраќајот кои изразија желба да ги пробат т.н. “пијани очила” имаа можност да ја доловат перцепцијата и физичките способности во пијана состојба и да се уверат дека во ваква состојба не се во можност да направат некои сосема обични работи. Притоа полициските службеници апелираа “Не вози пијан! Ова лето безбедноста нека ти биде на прво место!
Целта на превентивните активности е подигање на сообраќајната свест и култура кaј возачите во врска со почитување на сообраќајните правила и прописи.
< врати се назад