септември 14, 2021

К О Н К У Р С За обука на Личен асистент на лица со попреченост

Врз основа на верификација на посебната програма за Личен асистент на лица со попреченост Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Струмица распишува:

                                           К  О  Н  К  У  Р  С

За обука на Личен асистент на лица со попреченост

 

Се повикуваат сите заинтересирани лица од територијата на општина Струмица, кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат од периодот од 14.09.2021 до 24.09.2021 година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да се државјани на Р.С.Македонија;

 

  • Да имаат 18 години;

 

  • Да имаат општа психо-физичка способност за работа;

 

  • Да имаат минимум основно образование;

 

  • Да бидат мотивирани за работа со лица со попреченост;

 

Напомена: Обуката за Личен асистент на лица со попреченост е сертифицирана и изнесува.

Заинтересираните кандидати може да се пријават на е-маил:

strumica.negacentar@redcross.org.mk тел. 070/382-229, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Сите заинтересирани кандидати ќе бидат повикани на индивидуално интервју.

Tags: , ,
< врати се назад