
октомври 2, 2021
Горди сме на нашите корисници и нивните успеси
Нашата корисничка на услугата личен асистент, познатата поетеса и ликивен уметник, Роза Мојсовска, која твори и создава на специфичен начин цртајќи со четката во уста, завчера ја отвори својата голема изложба на дела од нејзиниот богат ликовен опус во НУЦК „Антон Панов“.
Во успесите на нашата Роза со многу самопрегорна работа се вложуваат и личните асистенти, кои се една од најзначајните алки во постигнувањето успеси на нашите корисници, но и во нивните секојденвни активности.
< врати се назад