
септември 17, 2021
Доделени сертификати за лични асистенти на лица со попреченост
Денеска во Општинската органзиација на Црвен крст Струмица заврши шестиот циклус од обуката за Лични асистенти на лица со попреченост. Дел од обуката беше финансирана од Општина Гевгелија, а дел со самофинасирање.
Вкупно 11 кандидати се стекнаа со сертификат и ќе можат да ја даваат услугата на лица со потешка и најтешка телесна попреченост и потполно слепи лица во Струмица и Гевгелија.
< врати се назад