ноември 10, 2021

Доделени сертификати од третиот циклус обуки за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Доделени се сертификати на лицата кои го посетуваа третиот циклус обуки за помош и нега на стари лица и лица со попреченост преку проектот ,, Развој на деловни услуги за интегрирана грижа и поддршка во Црвен крст на Република Северна Македонија“.

Проектот е поддржан од Австриска агенција за развој, Австриски Црвен крст, Швајцарски Црвен крст и Црвен крст на Република Северна Македонија.

На доделувањето присуствуваа претставници од Австриски Црвен крст и Централната канцеларија на Црвен крст на Република Северна Македонија.

Преку овој проект досега се обучени 44 кандидати од општините Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија.

Tags: , , ,
< врати се назад