октомври 4, 2021

ДИСЕМИНАЦИСКА СЕСИЈА И ОБУКА ПО ПРВА ПОМОШ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД СОУУД „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ СТРУМИЦА

Денеска во просториите на Општинската организација на Црвен крст Струмица се одржа дисеминациска сесија на ученици од медицинската струка од СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица на која на 16 ученици им беапрезентирани историјатот и работата на Црвениот крст на РСМ-ОО Струмица.

Посебен акцент се даде на хуманиот карактер на работата и едукацијата на населението од страна на организацијата.

Во продолжение, како дел од практичната обука, на учениците им се презентираа вештините на давање на прва помош на повредени лица, која беше остварена од страна на наш волонтер, кој истовремено е и ученик во ова училиште.

Со овие активности и одржани обуки се продолжува соработката со институциите во образовниот систем од нашиот регион.

#младитесе на подег

#секадезасекого

Tags: , , ,
< врати се назад