
јуни 24, 2021
Десиминациска сесија по повод 162 години од битката кај Солферино
Денеска во дворот на Општинската организација на Црвен крст Струмица се одржа дисеминациска сесија со ученици од СОУ “Димитар Влахов“ од Струмица по повод 162 години од битката кај Солферино, денот кога е формиран Црвениот крст и Црвената полумесечина.
За значењето на овој датум пред учениците зборуваше Љупчо Јанков од Општинската организација, кој ги запозна со историјатот на овој голем ден за Црвениот крст.

Секоја година 190 национални друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина и волонтерите на истите организации ја слават битката кај Солферино,местото на кое е создадена оваа организација.
Како сведок на ужасот од битката кај Солферино на 24 јуни 1859 , Анри Динан били инспириран да ја напише книгата Сеќавање на Солферино‘‘ што подоцна резултира со Женевската конвенција и создавањето на интернационалта организација на Црвен крст.
Анри Динан беше награден со Нобелова награда како основач на Црвениот крст.
< врати се назад